Ново истражување го открива наједноставниот лек за еден од најголемите светски здравствени проблеми

Долгите прошетки не само што можат да ја ублажат, туку и можат да ја спречат хроничната болка во долниот дел на грбот, покажуваат најновите научни сознанија. Болните грбови се една од главните причини за инвалидитет ширум светот, а решението не е ниту скапа ергономска столица, ниту совршена положба, туку – движење.

 

Ново истражување го открива наједноставниот лек за еден од најголемите светски здравствени проблеми

 

Норвешка студија следела над 11.000 возрасни лица, кои носеле уреди на бедрата и долниот дел од грбот за да се измери колку минути дневно се движат и со каков интензитет. Ониe кои се движеле повеќе од 78 минути дневно, имале 13% помала веројатност да развијат хронична болка во долниот дел од грбот отколку оние што пешачеле помалку. Ако надминеле 100 минути дневно, ризикот се намалувал дури за 23%.

Истражувањето потврдува дека количината на одење (т.е. минутите дневно) се покажува поважна за заштитата на долниот грб отколку самиот интензитет на прошетките. Дури и споро одење има значајни придобивки – клучот е во постојаната активност и редовната практика.

Современите луѓе се изложени на високи ризици поради долгото седење. Многу други истражувања веќе докажале корист од прошетки: одењето одржува здрава тежина, му помага на срцето, го чува мозокот, го намалува ризикот од рак и го продолжува животот. Новите податоци покажуваат дека истото важи и за долниот дел од грбот – проблем кој честопати се игнорира.

Иако врската меѓу одењето и болката во грбот се истражува релативно малку, најновите научни сознанија потврдуваат дека секојдневното движење е еден од најдобрите начини за одржување здрав грб – потсетувајќи нѐ на мудроста од античко време. Како што рекол Хипократ: „Одењето е најдобриот лек за човекот.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *