Ново истражување за рак на дебелото црево со огромен напредок: Се излечиле сите пациенти
Ново истражување за рак на дебелото црево донесе неверојатно позитивни резултати, што може да биде голем знак за иднината.
Долго време, хемотерапијата беше главниот метод за лекување на рак, бидејќи даваше најдобри резултати. Сега, изгледа дека постои нов третман со уште подобри резултати. Истражувачите докажаа дека пациенти со специфичен генетски профил остануваат без рак по операција, што може да биде огромен чекор за медицината.
Ракот на дебелото црево е четвртиот најчест рак. Иако најчесто се јавува кај постари луѓе, во последниве години се зголеми бројот на случаи кај лица под 50 години. Како и кај други типови рак, раното откривање значи поголеми шанси за преживување. Околу 90% од пациентите со рак во прва фаза преживуваат пет или повеќе години, додека кај третата фаза таа бројка е 65%, а во четвртата само 10%.
Кој е новиот метод?
Методот се нарекува имунотерапија и ако го спроведете пред операцијата, се вели дека има поголема стапка на успех.
Работи така што му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и уништи клетките на ракот пред тие да излезат од контрола.
Пембролизумаб, лек за имунотерапија, беше користен во клиничко испитување кое процени дали може да ги подобри исходите за пациентите со стадиум втор или трет стадиум од еден вид рак на дебелото црево.
Студијата
Студијата беше спроведена во соработка со голем број британски медицински центри, како болниците на Универзитетскиот колеџ во Лондон, болницата Кристи во Манчестер, болницата Сент Џејмс во Лидс и Универзитетските болници во Саутемптон и Глазгов.
Во него учествуваа 32 пациенти, од петте болници во Обединетото Кралство, со втор или трет стадиум на рак на дебелото црево, при што 10-15% од нив имаа одредена генетска структура. Пред операцијата, тие не добиваа хемотерапија, туку девет недели пембролизумаб.
Резултатите
Резултатите беа извонредни: 59% од пациентите немаа знаци на рак по имунотерапијата, додека кај останатите 41%, ракот беше отстранет со операција. Сите пациенти останаа без рак и по неколку месеци, а немаше потреба од хемотерапија после операцијата.
Главниот истражувач д-р Каи-Кин изјави: „Нашите резултати покажуваат дека пембролизумаб е безбеден и ефикасен третман за подобрување на резултатите кај пациенти со висок ризик од рак на дебелото црево.“
Професорот Марк Сондрес клинички онколог предупреди: „Имунотерапијата би можела да ја замени операцијата во иднина, но потребни се уште испитувања за да ги потврдиме овие возбудливи рани резултати.“
Коментирај анонимно