Ново спортско катче во Скопје ќе ги обедини оние кои се во потрага по добра адреналинска забава

Во Општина Карпош е отворен Адреналинскиот парк кој претставува прво спортско катче од ваков вид во Скопје.

Паркот е со површина од 10.000 метри квадратни, а во неговата структура спаѓа и: адреналинска патека, изгралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, скејт парк, детско игралиште и останати атракции и места за одмор.

Во склоп на паркот е засадено ново зеленило и систем за наводнување.

На младите само им останува да закажат термин и да го посетат овој нов дел од градот кој ќе служи за спорт и рекреација.