Новогодишна честитка од Мотика

Нема да ви посакаме нешто нереално (иако мала куќа на брегот на топло море со паркирана јахта и солидна сметка во банка, нема да повреди никого). Од се срце ви посакуваме:

Здравје.

Затоа што кога имаш здравје имаш сѐ, а кога немаш здравје, сѐ што имаш е ништо.

Љубов.

Затоа што љубовта ве прави најубавиот човек на светот, без разлика како изгледате. А вистинска љубов не е онаа на Ромео и Јулија што умреле заедно, туку на баба ти и дедо ти што остареле заедно.

Среќно семејство.

Зато што ако имаш здраво и среќно семејство, не си ни свесен колку си богат!
Местото на кое секогаш можеш да отидеш се вика ДОМ.
Да имаш некој кој те сака без оглед на се, се вика СЕМЕЈСТВО.
А да ги имаш двете работи истовремено, се вика БОГАТСТВО.

Вистински пријатели околу вас.

Затоа што со текот на годините нашиот круг на пријатели се намалува, но вредноста им се зголемува. Времето ги брише оние пријатели – магионичари, кои исчезнуваат кога ти се потребни, а се појавуваат кога нешто им треба.

Да се смеете секој ден.

Затоа што како што водата му е потребна на вашето тело, така и насмевката ѝ е потребна на вашата психа. Не грижете се ако наидете на тешки моменти. Целиот тим на Мотика ќе биде секој ден со вас, а нашата мисија е насмевката на вашето лице.

Среќна Нова 2021 година ви посакува тимот на Мотика!