Новороденото бебе не сака кога лекарите се обидуваат да ја расплачат и веќе има „понеделнички карактер“

Можеби ниту една друга фотографија во историјата на фотографијата не го долови толку совршено моментот да се чувствуваме уморни на рана возраст. Снимено од фотографот Родриго Кунстман во болницата во Рио, Бразил фотографијата од малата Изабела Переира де Хесус стана позната пред целиот свет и пред малото бебе да каже некој збор.

Лицето на Изабела ќе го препознае секој кој станува во 6 часот во понеделник за да оди на работа. И покрај тоа што пред само некоја минута била извадена од матката Изабела не делува импресионирано и јасно ја искажува својата фрустрација.

Горда мајка Дајан де Хесус Барбоса, не ја забележала реакцијата на својата ќерка и ја видела дури подоцна на фотографиите. Таа вели дека Изабела дури и сега прави гримаси со челото кога треба да ѝ ја менува пелената. Лекарите наскоро ја „натерале“ да се расплаче и дури кога ја пресекле папочната врвца Изабела ги покажала класичните „емоции“.