Њујоркчани без срам мирисаат туѓи пазуви на улица – еве за што станува збор
Козметичкиот бренд Billie ги изненади минувачите во Њујорк со необична промоција – џиновски постери со пазуви што можат да се изгребат и помирисаат. Кампањата, која трае до 16 мај, ги поканува љубопитните да застанат и да уживаат во новиот мирис Coco Villa.
Среќа па мириса на тропско овошје
На локацијата 505 8th Ave, како и на други места низ градот, посетителите можат да го почувствуваат новиот, тропски инспириран дезодоранс. Видеа на TikTok покажуваат како минувачите со изненаден израз на лице ги мирисаат пазувите, често со позитивни реакции.
Мирисот Coco Villa е комбинација од слатка ванила, кокосово млеко и сандалово дрво, креиран да потсетува на летна свежина. Дезодорансот All Day Deodorant е дерматолошки тестиран, не содржи алуминиум и сода бикарбона и ветува 24-часовна заштита од непријатен мирис.
Производот се продава по цена од 9 долари и е достапен на веб-страницата на брендот.
Коментирај анонимно