Нуклеарната централа во Германија која станала забавен парк

Волдерланд Калкар, лоциран во близина на границата со Холандија, е изграден во поранешната нуклеарна централа СНР-300 1985 година, чија цена била приближно 5 милијарди долари. Нуклеарната централа не била повторно отворена, бидејќи една година подоцна се случила катастрофата во Чернобил, што довело до голем број протести. Потоа ја купил холандскиот инвеститор Хени ван дер Мост во 1991 година. Тој отворил хотели и тематски парк во 2001 година. Понудите вклучуваат ол-инклузив сместување во хотел за една ноќ, вклучувајќи храна, пијалоци и влез во парк од 79 € или дводневни пакети за викенд од 218 €.