Нуркач кој беше заробен во устата на кит, одговара на прашања за неговото искуство
Неодамна, нуркачот од Мајкл Пакерд, бил на рутинско нуркање, какво што правел многу пати претходно. Кога одеднаш работите станале темни и тој почувствувал огромен притисок врз нозете. Во тоа време тој не знаел што се случува со него, но набрзо сфатил дека се наоѓа во уста на кит.
Нуркачот реши своето искуство да го сподели со интернетот, одговарајќи на неколку прашања.
-Колку долго беше заробен и дали мислеше дека ти дојде крајот?
- Бев заробен околу 30-40 секунди, и да дефинитивно мислев дека ми дошол крајот.
-Откако те „исплука“ дали китот веднаш замина?
- Јас бев прилично дезориентиран, но сведоците на настанот ми кажаа дека заминал релативно брзо.
-Како успеа да излезеш, дали можеше да видиш нешто и што лошо можеше да се случи шо за среќа не се случи?
-
- Китот ме истурка со јазикот, не можев да видам ништо затоа што беше црна темница и можев да се удавам доколку не ме исплукаше.
-Што се случи откако се спаси од устата на китот?
- Моите пријатели допливаа за да ме извадат од водата.
-Зошто мислиш дека китот не те изеде?
- Физички е невозможно, грлата им се многу мали.
-Дали повторно ќе нуркаш после ова?
- Дефинитивно!
-Дали често гледаш китови од толку блиску?
- Не, китовите обично се држат настрана од нуркачите.
-Каква беше реакцијата кога стигна во болница?
- Им кажав на докторите и сестрите дека бев заробен во уста на кит и тие само ме гледаа збунето и ми поставуваа прашања, една сестра дојде со лист и пенкало и ме праша за бројки на лото.
-Кој актер сакаш да те глуми во филм за ова?
- Мет Дејмон.
-Дали комуницираше со китот?
- Во тој момент не размислував баш на тоа дека треба да се запознаеме, а и патем тој се однесуваше како да има нешто на врв на јазик.
-Дали е точно дека си преживеал авионска несреќа во Коста Рика?
- Да, пред некое време.