Нуркач пронајде речна желка која веројатно има што да каже
Студент на Државниот универзитет во Тексас има хоби да нурка и неговата работа од соништата е да стане фотограф на диви животни за National Geographic. И за време на подводното истражување на реката Сан Маркос, тој навистина успеа да сними нешто чудесно.
Желката која што ја пронајде на дното на реката личи како да била сведок на првото стапнување на Колумбо на американско тло.
