Нуркачот не очекуваше дека ќе го добие најуникатното селфи на година благодарение на морските лавови

Фотографот Стив Вудс, по потекло од Мосели, Бирмингем, нуркал во близина на Норис Рок, островот Ванкувер, Канада. Тој со себе носел GoPro и Canon EOS-1D X Mark II и се надевал дека ќе направи некоја интересна фотографија. Сепак 37-годишниот Стив не се надевал на вакво „нереално“ нешто.

Додека нуркал кон него се приближила група на морски лавови. Иако на прв поглед ова може да изгледа страшно животните биле прилично слатки и љубопитни. Така Стив успеал да направи фотографии каде неодоливите животни им ја грицкаат опремата на нуркачите, љубопитно ги гледаат, па дури и сите заедно се местат за совршеното селфи.

Тој ја опиша ситуацијата како надреална, велејќи: „Нај изненадувачкото нешто на снимките беше само чувството да се биде во таа ситуација со сите овие животни од кои сте надбројани.“ Исто така вели дека чувствувал страв, но дека ова бил и еден од најдобрите моменти од неговата кариера.