Нуркачи дојдоа до застрашувачки откритија откако конечно стигнаа до дното на Големата сина дупка во Белизе
Постојат многу мистерии во светот кои остануваат неразјаснети, а некои од нив би било подобро никогаш да не ги дознаеме. Еден од ваквите примери е Големата сина дупка – длабока 121 метар, која се наоѓа на околу 100 км од брегот на Белизе. Овој природен феномен, со својот обрач кој се издига над Карипското Море, е лесно видлив и фасцинантен.
Големата сина дупка стана позната благодарение на францускиот истражувач Жак Кусто, пионер во океанографијата и ко-изумител на SCUBA апаратот за дишење. Неговиот внук Фабиен Кусто, заедно со Ричард Бренсон, ја продолжија неговата мисија со експедиција во дупката во 2018 година, користејќи подморници.
На длабочина од околу 91 км, тие наишле на слој водород сулфид, под кој водата била темна и лишена од живот. На дното ги дочекале изненадувачки призори: отпад како пластично шише и изгубен GoPro уред со снимки од нечии одмори. Но, најшокантното откритие биле две тела на истражувачи кои исчезнале за време на претходна експедиција. Овие останки биле пријавени на властите на Белизе.
Истражувањето открило и комплексен систем на пештери со сталактити, што укажува дека оваа дупка некогаш била дел од суво земјиште. Оваа појава е резултат на брзото покачување на нивото на морињата пред околу 10,000 години, кога мразот масовно се топел.
Ричард Бренсон ја опиша дупката како „еден од најсилните потсетници за опасноста од климатските промени“. Нивото на морињата некогаш било стотици километри пониско, а наглите промени во минатото претставуваат предупредување за потенцијалните катастрофи предизвикани од современото затоплување.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно