Нутриционист од Македонија објаснува како витаминот Д е клучен фактор за тоа како нашето тело ќе се справи со коронавирусот
Иако со вирусот може да се зарази било која личност без разлика на годините, имунитетот, полот и слично, истражувањата почнаа да покажуваат дека сепак има нешто што прави разлика при самото „прележување“ на вирусот. Тоа е витаминот Д. Маја Велковска која е нутриционистка на објава на Фејсбук објасни како витаминот Д влијае на тоа колку коронавирусот ќе му наштети на нашето тело.
„Сепак пандемијава ќе потрае па ајде да се вратиме на една екстремно важна тема, а тоа е витамин Д и корона вирусов! Не знам дали слушнавте (ама би требало да слушенете, затоа што има повеќе научни студии на оваа тема, и поради тоа што моменталното ниво на нечија загриженост за вашето здравје и живот е многу високо) дека нивото на витамин Д во вашата крв има СТРАШНО ГОЛЕМА поврзаност со тоа колку сериозна ќе биде вашата здравствена состојба ако се инфицирате со корона вирусот.
Да ја појасниме сликата. Лицата кои имаат многу тешка форма на болеста се прикажани на првиот столб, и како што гледате 52% од нив имаат сериозен недостаток на витамин Д, 44% од нив имаат понесериозен недостаток на витамин Д, и само 4% од нив имаат витамин Д над 30нг/мл (сепак во повеќето студии за витамин Д дури и 30нг/мл е ниско ниво, но тоа да го оставиме за друг пат).
Лицата кои имаат тешка форма на болеста се прикажани на вториот столб, и како што гледате 55% од нив имаат сериозен недостаток на витамин Д, 41% од нив имаат понесериозен недостаток на витамин Д, и само 4% од нив имаат витамин Д над 30нг/мл.
Лицата кои имаат вообичаена форма на болеста се прикажани на третиот столб, и како што гледате 34% од нив имаат сериозен недостаток на витамин Д, 55% од нив имаат понесериозен недостаток на витамин Д, и 7% од нив имаат витамин Д над 30нг/мл.
И најубавиот столб е последниот столб на кој се прикажани лицата со лесна форма на болеста и како што гледате само 2% од нив имаат сериозен недостаток на витамин Д, 2% од нив имаат понесериозен недостаток на витамин Д, и неверојатни 96% од нив имаат витамин Д над 30нг/мл.
Јас прва се бунтувам кога некој сака да ми покаже причина, со помош на корелациони студии, но освен корелациите меѓу сериозноста на болеста и нивото на витамин Д во крвта, постојат и подетални студии кои покажуваат дека освен корелација тукa постои и конкретна причинско – последична врска.
Ама јас сум сигурна дека вие слушнавте за ова на некој прес нели или на вести или на некој друг медиум, онака поофицијално и професионално, зашто вашето здравје е најважно, а студии за витамин Д и коронава има веќе многу, така што просто постот нека биде потврдување на она што веќе ви го кажаа оние во чии раце е вашето здравје.
И можеби некои од вас ќе помислат дека ова не се однесува на нас затоа што Македонија е сончева земја тука луѓето немаат дефицит, и затоа да ви кажам уште ведаш – многу се лажете за ова, бидејќи иако сме сончева земја денешниот начин на живот води до многу високи стапки на дефицит на витамин Д и кај нас!“
Автор: Маја Велковска
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.