О Џеј Симсон го избегнува Лос Анџелес, а причината ги налути многумина кои го гледаа славното судење во 1995 година
Поминаа 26 години откако светот запре да го гледа Симсон како вози по празен автопат во Лос Анџелес во познатиот бел автомобил, но и покрај тоа што е вечно поврзан со градот, О Џеј открива дека избегнува да се враќа таму поради стравувањата дека може да го сретнете лицето одговорно за озлогласените убиства во 1994 година.
Симпсон, кој беше прогласен за невин за убиство на Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 1995 година, секогаш ја искажува својата невиност и во ново интервју даде неколку коментари за како случајот продолжува да влијае врз него.
Говорејќи за „Атлетик“ како дел од нивниот серијал за 100-те најдобри НФЛ-играчи, поранешниот дефанзивец на Сан Франциско откри: „Имам проблем со Лос Анџелес, луѓето можеби мислат дека ова е себично, но јас можеби седам до оној кој го сторил тоа. Навистина не знам кој го стори“.
Сега, на 74 -годишна возраст, Симпсон тврди дека иако никој никогаш не бил обвинет за убиствата, тој отсекогаш верувал дека виновникот еден ден ќе биде фатен.
И додека Симпсон вели дека знае дека повеќето луѓе се` уште веруваат дека тој ги извршил убиствата, звучи како тоа воопшто да не го засега.
Тој вели:
„Колку Американци, дури и денес, не би сакале да го живеат мојот живот?“
„Не работам. Играм голф четири или пет дена во неделата. Излегувам на вечери со пријателите. Луѓето сакаат да ми купуваат пијачки. Секогаш се сликам со луѓе.“
„Медиумите нема да го кажат тоа, но тоа е мојот живот. Сега живеам добар живот“.