„Обичните смртници“ ги раскажуваат своите луди и необични средби со богатите луѓе

Сериите за измамници се доста популарни на платформите за стриминг. Може да биде привлечно да се гледа како овие измамници фрлаат пари (кои не ги поседуваат) во одводот и се извлекуваат со тоа. Но, она што би можело да биде пофасцинантно е да се научи како вистинските, ултра-богати луѓе се однесуваат и одлучуваат да ги трошат своите средства. Најдовме една тема на каде што корисниците ги споделуваа своите луди приказни и лични средби со некои од најбогатите поединци во светот.

 

1.

Работев за премногу богато семејство како тутор за нивната ќерка. Еден ден учиме во нејзината соба и одеднаш таа извикува „Тато е дома!“ и истрчува кај прозорецот. Таа знаеше дека татко ѝ стигна дома затоа што го слушна хеликоптерот и знаеше дека во секој момент ќе се спушти на тревникот.

2.

Кратко време работев за Принц во 80-тите. Секогаш ги купуваше најгорните 3 ката од најдобрите хотели. Два ката беа за слугинки/обезбедување/помошници, а најгорниот кат беше за кралското семејство.

3.

Имав соученик кој беше од богато семејство. Имаше една девојка во класот која беше многу фина, но беше сиромашна. Еден ден ѝ падна лаптопот на кој работеше 60 саати недело. Тогаш соученикот ѝ го даде неговиот лаптоп и рече да ужива зашто ќе си купи нов после училиште.

 

4.

Родителите на еден странски студент во моето училиште му купија ново БМВ серија 5 во прва година. Кога дипломиравме, требаше да се врати во својата држава и не можеше да го земе автомобилот со него. Па така го даде на неговиот најдобар пријател. Тоа дете доби автомбил од 80.000 долари на 17 години.

 

 

5.

Пријател од средно работеше неколку години како помошник на јахта и рече дека еднаш скокнал во морето за да ја спаси чантата на еден човек и добил бакшиш од 4450 долари.

6.

Жена која поседува мал бизнис со приватни авиони рече дека еднаш некој им платил 45.000 долари за да го пренесат нивното куче до Њујорк. Немало никој друг во авионот само кучето.

7.

Еден дечко за кој работам купи куќа вредна 12 милиони долари без воопшто да отиде да ја види. Кога пристигна, сфати дека друга куќа го блокира видикот од неговата. Па го прати неговиот адвокат да им понуди 4 милиони долари на сопствениците. Тие одбија и тој им понуди 4 пати повеќе, па на крајот прифатија. Истиот ден како што ги зема клучевите од таа куќа, ја сруши.

 

8.

Семејството на мојата поранешна девојка е многу богато. Нејзината сестра ја праќаше дадилката во Париз со приватен лет за да ѝ ја купи најновата Хермес чанта за да може да се фали пред пријателките неколку дена пред да излезе во продажба во САД.

9.

Работев за син на милијардер. Еднаш бев сведок како потроши 16.000 долари на паричник. И една година за неговиот роденден, доби над 30 големи, фенси троти. Две недели седеа тие торти во ходникот и потоа ни рекоа да ги фрлиме.

10.

Принц сакаше да го купи новиот Јагуар кој штотуку излезе. Па мојот пријател, кој беше специјализиран за тие работи, го услужи. Цената беше 125.000 долари, но тој не можеше да се одлучи која од 16-те бои сака да ја избере. Па така нарача од секоја боја по еден автомобил. И сите 16 автомобили беа ставени во авион и пренесени до кај него.

 

11.

Братучед ми се грижеше за постара богата жена, но не знаеше да готви. Таа донесе првокласен готвач од Париз и го смести во хотел. Се што правеше готвачот е доаѓаше секој ден кај неа и го учеше братучед ми како да готви.

12.

Во средно имав пријател чии родители поседуваа професионален спортски тим. Еднаш рече дека сака да ја скрати косата за концертот на кој ќе одевме таа вечер. Па отидов со него. Но тој ме однесе на аеродром и јас бев збунет. Потоа рече дека неговиот бербер е во Флорида. На 16 години, се качивме во неговиот приватен авион и летавме до Флорида за да се шишаме и се вративме назад.

13.

Едни семејни пријатели имаа проблеми во бракот. Нивниот брачен советник сфатил дека нивните проблеми најчесто се поради готвењето. Па ги потсетил дека се богати и дека можат да си нарачаат што сакаат, ако не им се јаде исто. Тие го послушаа и сега повторно се во среќен брак.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *