Обид за егзотична фотосесија со диви мачки завршил со тешки телесни повреди за моделот

Леопард нападна модел која позираше во живеалиштето на животното во Германија. Подоцна, 36-годишната жена морала да биде префрлена во специјализирана клиника поради нејзините повреди.

Џесика Лејдолф, од Тирингија во централна Германија, беше именувана како моделот вклучен во инцидентот.

36-годишната жена била касната и тешко повредена од леопард додека се сликала во неговото живеалиште. Жената била однесена до специјална клиника со спасувачки хеликоптер со тешки повреди на главата. Според првичните сознанија, жената требало да биде фотографирана со леопардот во вторникот попладне во таканаречената резиденција за диви животни во област во близина на Небра (Бургенландкрис).

Не е јасно зошто била организирана фотосесијата и кои биле организаторите.

Службите за итни случаи најпрво мислеле дека леопардот успеал да избега преку неговата ограда и затоа издале предупредување на јавноста да остане дома. Предупредувањето било укинато по 15 минути кога властите во областа Бургенланд сфатиле дека животното не избегало и дека жената, всушност, била внатре во живеалиштето.

Двата леопарди кои живеат во резиденцијата за диви животни во извештаите се именувани како Троја, на возраст од 16 години и Париз, на возраст од 18 години.

Полицијата сега ја истражува сопственичката на животните, 48-годишната Биргит Стаче.

Наводно, сопственичката ги поседува леопардите од 2019 година. Таа, исто така, работи како тренер за животни во циркуси и забавни паркови 20 години.

Се известува дека ветеринар ги посетил животните на 3 август и пријавил дека животните се однесувале „соодветно“ и дека изгледаат „здрави“.

Групата за заштита на животните ПЕТА одговори на нападот со осуда за употреба на големи мачки за комерцијална корист. Потоа повикаа животните да се чуваат само во признати центри за спасување за да се спречи нивното експлоатирање.