Обожавателите велат дека оваа актерка од Хонг Конг „не остарела ниту ден“ откако станала позната во 1973 година
Актерката од Хонг Конг, Енџи Чиу го освојува екранот веќе 45 години, откако го завзема четвртото место во Мис Хонг Конг Пејгант на 18-годишна возраст.За време на нејзиниот живот, таа израсна три деца, додека исто така глуми во бројни ТВ-серии и филмови.
Откако се омажи, таа го префрли фокусот од Хонг Конг во Кина, и се појави во филмови, ТВ-емисии и програми за забава. Затоа е безбедно да се каже дека таа има зафатен живот. Чиу го прослави својот 65-ти роденден овој месец, но би било лесно да помислите дека е многу помлада, бидејќи и покрај бракот, децата и кариерата таа изгледа непроменето, затоа обожавателите ја прогласиле за „божица која им пркоси на годините“.
Многу луѓе би потрошиле стотици на креми, масла и третмани во обид да имаат кожа како Чиу, но всушност актерката рече дека клучот за нејзиниот изглед е – во теорија – многу едноставен. Таа младоста ја припишуваше на нејзиниот „обичен“ животен стил и изјавила дека каде и да оди, што и да прави, колку и да има работа спие од 8-10 часа.
Сега, ова звучи како луксузен и едноставен начин да останете млади, но за повеќето луѓе тоа е недостижна цел. Со распоредот на работа, семејните обврски и социјалните ангажмани не е секогаш можно да спиете осум часа ноќе, а камоли 10, колку и да сакаме.
Енџи вели дека за нејзината младоликост е одговорна и нејзината исхрана. Таа секој ден започнува со чаша сок и го завршува со чинија супа, иако додаде дека сака и да јаде ориз и тестенини. Исто така, таа призна дека престанува да јаде кога ќе се почувствува 70% полна. Но, понекогаш храната е премногу добра за да престанеме, зарем не?