Од чешмите во едно италијанско село наместо вода почна да тече вино и ги преплаши жителите

Жителите кои живеат во мало италијанско село, добија чудо од библиски размери кога пуштиле чешми да си наточат вода и добиле црвено вино. Но, не овој пат Исус нема никаква врска со тоа. Сепак жителите кои живеат во мирно италијанско село во близина на Модена во северниот регион Емилија-Ромања прилично се шокирале поради „феноменот“.

Всушност локалната винарија направила огромна грешка кога испумпала вино во системот за водоснабдување. Невообичаената несреќа ги зафати луѓето кои живеат во областа Кастелветро во Модена и беше последица на „техничка грешка“ во блиската винарија Сетичани.

Всушност еден од силосите на винаријата почнал да протекува и низ водоводните цевки и завршил во локалните домаќинства. Веднаш биле испратени техничари да ја санираат штетата, но грешката веднаш била забележана од жителите и евидентирана. Многу од нив и си наточиле од виното.