Од ѓубре до богатство: Мајка копа по контејнери и пронаоѓа луксузни предмети вредни дури 30.000 долари
Аријана Родригез, 35-годишна мајка на три деца од Њујорк, во последните шест месеци пронашла предмети вредни дури 30.000 долари — и тоа со копање по контејнери. Меѓу највредните наоди се винтиџ Burberry палто вредно 500 долари, Prada чевли вредни 900 долари, па дури и Sohmer & Co пијано чија вредност достигнува до 10.000 долари.
Сè започнало пред три години, кога се приклучила на Facebook група за размена на предмети, а потоа и на трендот наречен „stooping“ — собирање оставени предмети од улица. Последниве шест месеци, Аријана почнала и со вистинско „нуркање“ — пребарување кеси и контејнери во потрага по скриени богатства.
Иако не може сè да однесе дома, она што не го задржува го донира на црквата или го препродава. Во сета оваа авантура, таа секогаш е во полн сјај: „Секогаш излегувам дотерана, сакам да покажам дека секој може да биде ‘копач на контејнер’ со стил,“ вели таа.
Од играчки и облека до пијано и златен накит
Аријана вели дека првично почнала да собира играчки за своите деца, но брзо сфатила дека на улиците и во ѓубрето има далеку повредни нешта. Така нашла стаклена тоалетна маса вредна 2.500 долари, маса од 3.500 долари, како и брендирани кутии од Hermès вредни 175 долари.
Некои предмети ги чува кратко, а потоа ги продава. Играчки, облека, мебел, па дури и вистински златен накит — луѓето сè фрлаат, вели таа. Дури еднаш нашла и пари. „Луѓето се заситуваат од мебелот и само го исфрлаат. Јас сум шокирана што сè сум пронашла,“ додава Аријана.
Нов начин на живеење и порака до сите скептици
Повеќе од 80% од животот на Аријана денес е базиран на пронајдено или донирано. Вели дека нејзината свесност за потрошувачка драстично се сменила. „Не е срамота да пребаруваш ѓубре — срамота е колку фрламе.“
Иако има луѓе кои ѝ велат дека е „гадно“ или „опасно“, таа не се замара. Дури и нејзиниот сопруг, Ерк, 35-годишен брокер, почнал да учествува во ловот. „Ова е како златна треска — никогаш не знаеш што ќе најдеш. Можеш да видиш цели животи исфрлени во ѓубре. Има и историска вредност,“ вели таа.
Некои од нејзините највредни наоди:
• Sohmer & Co пијано – до 10.000 долари
• Стаклена тоалетна маса – 2.500 долари
• Burberry палто – 500 долари
• Prada чевли – 900 долари
• Stokke детско столче – 397 долари
• Кошаркарски обрач – 35 долари
• Hermès кутии – 175 долари
• Накит од злато
• Bally кожен куфер од 60-тите
Коментирај анонимно