ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА: Тројца пријатели купиле напуштено училиште во Пенсилванија за 100 000 долари и го претвориле во прекрасна станбена зграда со 31 стан

Тројца пријатели купиле напуштено средно училиште во Пенсилванија за 100.000 долари и го претвориле во прекрасна станбена зграда со 31 стан, комплетна фитнес сала и заеднички простор за живеење.

 

 

Кога 34-годишниот агент за недвижнини Џеси Виг видел дека училиштето во Хоумстед, Пенсилванија, е ставено на продажба во 2019 година, видел можност.

Виг и Адам Колучи ,разгледале неколку опции за зградата, вклучувајќи место за свадби, пивска градина, па дури и простор за „WeWork“.

 

Ден Спанович, 41-годишен развивач и менаџер на повеќесемеен имот, се приклучил на тимот и по две години, поранешното средно училиште било претворено во станбена зграда со 29 апартмани со една спална соба за околу 1.400 долари месечно и 2 апартмани со две спални за 1650 долари.
„Бев свесен за училиштето и да бидам многу искрен, не бев сигурен што има најлогично да се прави со зградата“, изјави Виг за „Make It“ на CNBC.

 

 

Училиштето со години не се користи, но сега училниците се станови, аудиториумот е претворен во заеднички простор, а на приземјето има и спортска сала.
Шест месеци откако станбената зграда излезе на пазарот, таа беше целосно дадена под закуп. Тројцата партнери ги поделија трошоците и профитот врз основа на пропорционален дел од зградата, според „CNBC“.

 

Од интервјуто на партнерите во септември, тие купија уште две училишта кои планираат да ги претворат во станови. Второто училиште беше купено во август 2020 година за 90.000 американски долари.

Нивното реновирање е опишано на страницата на „TikTok“ на Виг и тој вели дека проектите биле „наградувачки и корисни за подобрување на заедницата“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *