Од играчка-плачка: Две момчиња се уапсени затоа што го сопреле сообраќајот со „огнено оружје“

Две момчиња од четиричлена група се уапсени откако наводно го запреле сообраќајот со лажен пиштол.

Околу 10.00 часот во саботата, на 6 ноември, полицијата била повикана во Паркот Reedswood Retail во Западен Вест Мидлендс, Англија, каде што привела четири деца.

Возачите тврдат дека момчињата фрлалае камења по некои возила, и мавтале со лажно огнено оружје, кое наводно било обоено во црно за да изгледа пореално.

Се вели дека децата извикувале коментари како „Застани, дај ми го твоето комбе!“ кон сообраќајот што доаѓа.

Покрај пиштолот играчка, во ранецот на едно од момчињата бил откриен и кујнски нож.

Две од четирите момчиња, на возраст од 11 и 12 години, потоа биле уапсени. Едното за поседување нож, а другиот за поседување имитација на пиштол.

Официјалните лица ги испратиле другите две момчиња, кои биле на возраст од 12 и 7 години, дома кај нивните родители.

Според извештајот од полицијата на Вест Мидлендс, вооружена полиција присуствувала на местото на настанот бидејќи возачите верувале дека пиштолот е вистински.

Наредникот Бен Долан, од полицијата во Вест Мидлендс, забележа колку е „загрижувачки“ инцидентот „со оглед на возраста на  децата“.

Тој изјави:

„Овие деца можеби мислеа дека е игра да се вперува лажен пиштол кон луѓето, но тоа предизвика голема загриженост. И заврши со четири момчиња кои беа запрени од вооружена полиција, што сигурно е прилично страшно за нив“.