Од изгубени градови до вселенски ракети: Ова се најневеројатните предмети пронајдени на дното на океанот

Повеќе од 70 отсто од нашата планета е покриена со вода, а огромни 80 отсто од површината на водата се уште не се истражени. Технологијата се развива побрзо и побрзо и ни овозможува да откриеме неверојатни геолошки формации и природни феномени за кои никогаш не би рекле дека се наоѓаат длабоко под површината.

Многу чуда на подводниот свет природно не се случиле таму. Потонати бродови, богатства, па дури и цели градови се само дел од неверојатните нешта пронајдени на дното на океанот. Прочитајте ја нашата листа на откритија во океаните подолу кои ни кажуваат колку е посебно морското дно.

1. Остатоци од мисијата Аполо 11

Моторите на ракетата Сатурн V, која го лансираше Нил Армстронг во вселената во мисијата Аполо 11 во 1969 година, беа откриени во близина на брегот на Флорида, повеќе од четири километри под вода. Овие неверојатни артефакти од модерната историја ги откри Џеф Безос, извршен директор на Amazon, кој исто така ја финансираше експедицијата.

2. Комплекс Јонагуни во Јапонија

Оваа древна градба за прв пат беше откриена во 1985 година и брзо предизвика жестока дебата меѓу две групи научници. Масаки Кимура, морски геолог од Универзитетот Риукјус во Јапонија, верува дека тоа се урнатините на јапонската Атлантида потопени во земјотрес пред две илјади години. Други се убедени дека тоа е природна креација.

3. Античкиот град Дварка

Дварка е едно од најдобро проучените подводни места во Индија и се смета за едно од четирите Дхами, свети места за аџилак во хинду религијата. Санскритската литература вели дека Дварка е град основан од Господ Кришна. Градот се наоѓа на западниот брег на Гуџарат во северозападна Индија, а се верува дека локацијата е стара повеќе од девет илјади години.

4. Подводна река во Црното Море

Истражувачите на Црното Море беа шокирани во 2016 година, кога открија струи кои течат по морското дно. Научниците од Универзитетот во Лидс со помош на подводен робот утврдиле дека се работи за подводна река. Доколку се наоѓа на копно, таа би била шестата по големина река во светот.

5. Гробишта за возови

Археолозите пронајдоа два ретки, добро сочувани парни воза на брегот на Њу Џерси. Пронајдени се на длабочина од 28 метри, се знае дека се од 19 век, но никој не е сигурен како се нашле на дното на океанот.

6. Љубовни писма од Втората светска војна

По ударот на ураганот Сенди, жителката на Њу Џерси, Кетлин Чејни, пронашла куп од 57 љубовни писма. Тие биле завиткани со розова лента и складирани во мала кутија. Таа дознала дека се работи за писма од Втората светска војна и успеала да ја најде внуката на заљубениот пар за писмата да останат во семејството.

7. „Повраќаница“ на китови

Килибарот, или повраќањица од кит, може одвреме-навреме да заврши на површината на водата и е многу вредна. Овој стврднат секрет се создава во цревата на китот и се користи за правење парфеми. Еден шетач на кучиња наишол на оваа супстанца во Ланчестер, Велика Британија и станал побогат за неверојатни 100.000 фунти.

8. Бомби од Втората светска војна

Во 2011 година, жителите на Хемпшир доживеале шок кога на плажата пронашле 87 бомби кои не експлодирале. Тоа биле големи минофрлачи од Втората светска војна. Тим од специјалци со денови вршеле контролирани експлозии на овие направи, а се верува дека за нивното изложување е виновна екстремно слабата плима.

9. Милиони изгубено сребро

Во 2011 година, американска компанија за истражување на океаните откри германска подморница од Втората светска војна која беше торпедирана и заврши во ирските води. Во подморницата пронашле неверојатни 200 тони сребро, вредно 150 милиони фунти.

10. Маријанска бразда

Овој природен феномен е најдлабокиот дел од океанот на земјата. Длабочините се проценуваат на 6,8 милји. За прв пат беше истражена во 19 век, но дури во 1960-тите камерите успеаја да се спуштат на самото дно. Браздата е едно од најмистериозните места во светот, а се верува дека таму има бизарни суштества кои не сакаме да ги видиме.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.