Од одење по оган, до користење камшици со сечила: 10 забранети ритуали кои луѓето ги практикуваат и денес низ светот

Додека ние уживаме во цивилизацијата овде, во различни делови на Земјата, многу племиња и народи продолжуваат да практикуваат ритуали и обреди, кои се толку морничави што дури и од самата помисла на нив може да ви се сврти во главата. Ние собравме примери за такви ритуали кои се случуваат и денес низ светот.

1. Племето Агори Бабас, кое живее во Варанси, Индија, јаде трупови извадени од реката Ганг за да се избори со стравот од смртта.

2. За време на ритуалите во чест на духовите на Земјата, домородните Американци си ја пробиваат кожата на градите со специјални шипки врзани за столб што го симболизира Дрвото на животот.

3. Следбениците на шиитскиот ислам еднаш годишно се тепаат со посебни камшици, на чии краеви има сечила, за време на светиот месец Мухарем.

4. Во селото Бунлап, жителите со глава скокаат од огромна дрвена структура, врзани со лоза околу нозете за да го добијат благословот од боговите.

5. Следбениците на култот Вуду одат во шума со цел да се поврзат со Духот на Земјата – Сакпата – и таму поминуваат три дена без храна и вода.

6. Во Тибет будистите ги сечат телата на мртвите на мали парчиња и ги носат во планините за да ги изедат птиците.

7. За време на таоистичкиот фестивал на деветте царски богови, луѓето одат боси по запален јаглен со цел да ги растераат злите духови од себе.

8. Жителите на Мадагаскар ги откопуваат своите мртви најблиски на секои 2-7 години, танцуваат со нивните трупови на жива музика во близина на гробот, а потоа повторно ги закопуваат.

9. На годишниот вегетаријански фестивал во Пукет во Тајланд, учесниците си ги пробиваат образите со копја, ножеви, куки и мечеви.

10. Претставниците на амазонското племе Јаномами ги палат труповите на мртвите, ја мешаат пепелта со банани и ги јадат за духовите да продолжат да живеат во нив.

YANOMAMI POUND LEAVES FOR TIMBÓ, DEMINI, BRAZIL

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.