Од кого „изеде нокаут“ Елон Маск и се појави со модринка на окото на неговата проштална забава во Белата Куќа?
На прошталната забава во Белата куќа, Елон Маск се појави со модринка под окото и објаснување што предизвика уште поголеми реакции. Како што пренесуваат New York Times и други медиуми, милијардерот изјавил дека модринката ја добил од неговиот петгодишен син X Æ A-12, познат како „X“.
„Се зафркававме и му реков: „Ајде удри ме во лице“. И тој тоа го направи тоа,“ рекол Маск.
Иако нема конкретен доказ дека не ја зборува вистината, оваа изјава доаѓа во сенка на сериозни обвинувања за злоупотреба на дрога. New York Times објави дека Маск наводно земал екстази и халуциногени печурки додека активно го поддржувал Доналд Трамп во предизборната кампања. Се тврди и дека развил проблеми со мочниот меур поради прекумерна употреба на кетамин.
Дополнителни шпекулации за наводна тепачка
Daily Mail дополнително објави дека Маск наводно се степал со министерот за финансии Скот Бесент, а се шпекулира и за можен конфликт со советникот на Трамп, Стивен Милер, откако сопругата на Милер ја напушти Трамп кампањата за да работи со Маск.
Извори блиски до Маск тврдат дека тој често носел кутија со повеќе од 20 различни лекови, вклучувајќи и Адерал, и бил однапред информиран за задолжителните дрога тестови поврзани со SpaceX.
Иако нема докази дека Маск лажел за модринката, многумина се прашуваат дали кетаминот имал удел во инцидентот – и евентуалниот „нокаут“.
Коментирај анонимно