Од корпоративен живот до авантура на четири тркала: Како една жена го замени стресот со патување низ светот?
Во 2015 година, Ешли Кеј од Висконсин го наследила семејниот дом по смртта на нејзиниот татко. Во тоа време имала 27 години и работела во корпоративниот здравствен сектор, со неделен ангажман до 100 часа. „Станував, одев до кујна, до канцеларија, повторно назад — како зомби,“ вели таа.
Промената дошла по едно патување во Хондурас, каде запознала човек кој ѝ покажал дека постои друг начин на живот. Откако се вратила дома, продолжила да работи напорно сè додека конечно не ја напуштила работата.
Во текот на пандемијата патувала три години, а веста за болната тетка ја вратила во родниот град. Тогаш сфатила дека не сака да остане таму и дека ѝ е време да јс продаде куќата и да ја следи љубовта кон патувањето и природата.
План без план
Размислувајќи како да патува со својот пес, решава дека живот во камионет е совршена опција. Инспирирана од други авантуристи на Инстаграм, купува Toyota Tacoma за 43.000 долари и инвестира повеќе од 50.000 во нејзино преуредување — соларен систем, нови гуми, надградена суспензија, електричен фрижидер и уште многу.
„Планот е – да нема план,“ вели таа. Ѝ се придружила на заедницата на патници кои го поминуваат Панамериканскиот автопат — од Алјаска до Аргентина.
Досега има посетено над 20 земји, меѓу кои се Мексико, сите држави од Централна Америка, Колумбија, Перу и Чиле.
„Треба да се живее сега!“
„Најголемата лекција? Животот е прекраток. Можеш да живееш како што сакаш – само почни. Остатокот е само организација и храброст.“
Таа додава дека не мора секој да го напушти својот живот и работа, но е важно да не се одложуваат соништата.
„Татко ми ми велеше: „Можеш да бидеш што сакаш“. Тој почина на 57, никогаш не се пензионираше. Тоа ме научи колку е важно да се живее сега.“
Коментирај анонимно