Од молитва до борба: Црква во Британија ги отвора вратите за кечери за да привлече верници
Под шарени стаклени прозорци, верници извикаа од возбуда додека локалниот херој Били О’Киф го фрли на подот борецот по име Disciple. Во црквата „Св. Петар“ во Шипли, северна Англија, се одржа натпревар во кеч со шест борци, при што мускулести, тетовирани кечери паѓаа по подот меѓу редовите.
Ова е „Црква на кечот“ – необичен концепт креиран од 37-годишниот Герет Томпсон, кој вели дека бил спасен од кечот и од Исус и сака и другите да го доживеат истото.
За Томпсон, кој денес е и проповедник и кечер под псевдонимот „Герет Енџел“, борбите на рингот се симболика за вечната борба меѓу доброто и злото – основна тема во христијанството. „Кога станав христијанин, почнав да гледам библиски приказни низ светот на кечот: Давид и Голијат, Каин и Авел, Исав и неговото украдено наследство,“ вели тој. „И си реков: овие приказни можеме да ги раскажеме на нов начин.“
Присуството на црквата во Британија опаѓа со децении. Пописот од 2021 година покажа дека помалку од половина од населението во Англија и Велс се идентификува како христијани, а бројот на луѓе што велат дека немаат религија пораснал од 25% на 37% за само десет години.
Затоа, некои цркви преземаат креативни ризици. „Не беше баш јасно во што се впуштам кога прифатив да организираме кеч во црквата,“ признава свештеничката Наташа Томас. „Но донесе нова публика, сосема поинаква заедница.“
На една таква вечер на „Црквата на кечот“, речиси 200 луѓе – од тинејџери до постари двојки, фанови со пирсинг и тетоважи, родители со деца – се собраа околу ринг поставен под сводот на старата црква.
По кратка проповед и молитва, следуваа два часа удари, фрлања и аплаузи. Атмосферата беше весела и бучна, со публика која мафташе со огромни пенасти прсти и викала „удри го!“.
Иако на некои редовни верници првично им беше чудно, многумина го прифатија новиот дух. „Мислам дека е прекрасно,“ вели Крис Мос, која се омажила во оваа црква пред речиси 50 години. „Некои кечери изгледаат… па, малку одбивно. Но кога ќе ги запознаеш, сфаќаш дека не треба да судиш по изгледот.“
За Томпсон, кечот бил излез од тешкото детство исполнето со злоупотреба и бездомништво. Хероите од кечот му биле утеха. „Ги гледав Шон Мајклс, The Rock, Стив Остин… и си велев: сакам да бидам како нив,“ вели тој.
Христијанството го прифатил во 2011 година, а првиот настан од „Црквата на кечот“ го организирал во 2022. Денес организира и тренинзи за деца и возрасни, самоодбрана за жени, групи за ментално здравје и работа со ученици исклучени од училишта.
За многу кечери, религијата е нов елемент, но не и непожелен. „Јас доаѓам главно поради кечот,“ вели 33-годишниот Лиам Леџер, познат како Flamin’ Daemon Crowe. „Малку е чудно што има и крштевки меѓу борбите, ама функционира.“
Киара, женската шампионка на Kingdom Wrestling, вели дека организацијата ѝ помогнала да ја поврзе својата католичка вера со кечот. „Сега се молам во соблекувалната пред борба и ги поканувам и моите противници да се помолиме за безбедна борба,“ вели таа.
Иако мал број луѓе што дошле поради кечот почнале да доаѓаат и на неделните служби, „Црквата на кечот“ успеа да крсти 30 луѓе во првата година. Томпсон планира проширување во други британски градови, а еден ден – и формирање сопствена црква.
„Луѓето велат дека и кечот и христијанството се лажни. Но јас ја живеам мојата вера, таа е вистинска. И кечот е вистински за оние што сакаат да веруваат. Тие сакаат да се изгубат во тој свет и да се надеваат – исто како и во верата.“
„И им рече: Напишано е: Домот Мој ќе се нарече дом на молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.“ Христос.
Gospode Prosti im ne znaet sto Pravat zatoa ke vi Gori Cela Anglija
I posle krivi bile drugo zasto mnogu luge preminuvaat vo druga vera pa vie cirkuz od verata vasa napravivte
Коментирај анонимно