Од ништо, нешто: Инспиративен уметник специјализиран за 3Д мурали претвора згради во прекрасни уметнички дела
„Wild Drawing“ е талентиран уличен уметник кој е специјализиран за неверојатни 3Д мурали кои ги претвораат здодевните згради во уметнички дела.
Роден на Бали, „Wild Drawing“ или скратено „WD“, првпат се заинтересирал за уличната уметност во 2000 година додека студирал на Факултетот за ликовни уметности. Тој и неговите колеги често протестирале против училишната политика со големи, сложени транспаренти, а тоа го натерало да сфати дека големите слики видени на јавно место може да имаат големо влијание врз општеството. Пред неколку години, „WD“ се преселил во Грција и оттогаш го покажува својот уметнички талент на улиците во Атина. Црпејќи инспирација од природата, уметноста, општествените феномени, па дури и политиката, „Wild Drawing“ создава шарени композиции кои секогаш го привлекуваат вниманието на минувачите.
Коментирај анонимно