Од обични прошетки до големо богатство: Како среќни планинари пронајдоа мистериозна кутија со злато вредна милиони?

Двајца планинари наидоа на мистериозно богатство вредно илјадници, па дури и милиони долари што дури и експертите се збунети.

Парот се шетал по патека во планинскиот масив Крконоше во североисточниот дел на Чешка, кога забележале алуминиумска кутија што ѕирка од камениот ѕид. Љубопитноста ги надвладеала и кога ја отвориле кутијата, откриле 7 килограми богатство – вклучувајќи десет алки, 16 футроли за пури, чешел, синџир со клуч и 598 златни монети.

Среќните планинари, кои сакаат да останат анонимни, одговорно го предале богатството на Музејот на Источна Бохемија. Сѐ уште се врши проценка, бидејќи две кутивчиња сѐ уште не се отворени.

 

Од обични прошетки до големо богатство: Како среќни планинари пронајдоа мистериозна кутија со злато вредна милиони?

Потекло на богатството

Самата вредност на златото од монетите – кои тежат 3,7 килограми – се проценува на околу 360.000 долари, изјавил музејскиот експерт Војтех Брадле за CNN.
Иако експертите сѐ уште не можат да утврдат од кога потекнува богатството, една монета од 1921 година дала барем мала насока. Но, ги збунува тоа што нема ниту една локална чешка монета меѓу пронајдените.

Во регионот веќе кружат шпекулации, некои тврдат дека богатството има врска со богати семејства од областа.

 

Потекло на богатството

Друго слично откритие

Откако ќе заврши целосната анализа, предметите ќе бидат сочувани и изложени во музејот. Планинарите ќе добијат награда според вкупната вредност на пронајденото, пренесе CNN.

Како да не беше доволно импресивно ова откритие – само 12 часа откако онлајн беше објавена мистериозна карта со скриено богатство, еден ловец на богатства од Сан Франциско пронашол сандак со 10.000 долари. Сандакот содржел кеш, метални прачки и ретки бејзбол картички.

 

Друго слично откритие

Портпарол на „пиратите“ кои го сокриле богатството изјавил за KRON 4 дека среќниот пронаоѓач бил „инвеститор и технолошки експерт од Европа“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *