Од општината му рекле да си го „скрие“ бродот позади оградата во неговиот двор – а, неговиот одговор на барањето стана вирален
Еден човек од Калифорнија, на кој градот му наредил да го скрие својот брод зад ограда, стана вирален со неговиот смешен и креативен одговор на градското барање.
Етјен Констабл бил изненаден кога добил строго формулирано писмо од неговата локална канцеларија за спроведување на законот, во кое го информирале дека големите возила паркирани на патеките мора да бидат скриени од погледот на другите граѓани. Така, тој направил ограда – и побарал локален уметник да ја претвори оградата во мурал на неговиот ценет имот.
„Јас не сум кршеч на правила, но сакам да дадам политичка изјава колку што е потребно, како и хумористична изјава и креативна изјава“, изјави Констабл за локалната ТВ станица.
„Помислив: „Ова е смешно“ и мојата прва реакција беше да оставам гадна, гадна порака во градското собрание“, изјави тој за „Вашингтон пост“.
„И тогаш си помислив, добро, можеби… Ќе го правам она што тие сакаат, но нема да го правам тоа на нивниот начин“.
Откако ја реализираше својата голема идеја, Констабл го ангажираше муралистот Ханиф Пани да наслика фотореалистична слика на бродот, наречена „Might As Well“, на неговата нова, 3 метри висока ограда.
„Јас сум голем поборник за јавна уметност, така што ова воопшто не беше проблем“, изјави Пани.
Коментирај анонимно