Од отпуштена трудница во 8-ми месец, до бизнисменка вредна милиони: Погледнете што направила оваа мајка, која била во безизлезна ситуација, за сега да „тежи“ 2,3 милиони долари

Мајка од Австралија била отпуштена во осмиот месец од бременоста, не знаејќи каква е нејзината иднина сѐ додека не ѝ успеал бизнисот за кој не верувала.

 

 

Ники Кели, продала повеќе од 45.000 рачно изработени парчиња накит преку нејзиниот бизнис „Kellective by Nikki“ за шест години.

Мајката на три деца изјави за „Kidspot“ дека го започнала брендот за накит откако била отпуштена од нејзината корпоративна работа кога била бремена во 35-та недела со своето прво дете.
Ники морала да ги напушти плановите за блажено породилно отсуство и да смисли план за тоа како таа и нејзиниот сопруг Скот ќе се справат со животот со еден приход со новороденче.

 

 

Од стресот се роди „Kellective“ од Ники, а мајката почнала рачно да изработува едноставен, нежен накит од дома, кој оттогаш се претвори во компанија од повеќе милиони долари.
Само неколку недели пред Ники да оди на деветмесечно породилно отсуство од нејзината работа во банка, ѝ бил зададен катастрофален удар.

Таа се пошегува дека „не бил одличен ден на работа“ кога и било кажано дека ќе мора повторно да аплицира за работа во нова фирма.

Откако поминала осум години градејќи мрежа во компанијата, Ники се плашела дека ќе мора повторно да почне од нула додека се занимава со новороденчето. Доаѓајќи од „креативно семејство“, Ники дошла на идеја да започне бизнис со накит и решила да заработува 200 долари неделно за да може да се грижи за новороденчето од дома.

 

 

Почнала да прави привезоци и работела дење и ноќе за да го стартува бизнисот додека била мајка на новороденче.

„Kellective“ продава прекрасни и едноставни парчиња накит за целото семејство со линии и за мажи и за деца.

 

 

 

Има и персонализирани парчиња за клиентите да добијат соодветен накит украсен со нивното име или името на саканата личност, како и вегански кожен ранец.
Бизнисот се прошири од  изработка на накит на нејзината кујнска маса до домашно студио и сега таа има второ комерцијално студио со тим од десет членови и персонал, вклучувајќи го и сопругот Скот.

 

 

Водењето сопствен бизнис ѝ дава слобода да одвои време за своите деца и без стрес да се грижи за тоа што би можел да мисли шефот.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *