Од ревии со познати личности до аргетинско танго: Единствениот саем за венчавки во Македонија „Wedding Expo Skopje“ ќе се одржи од 10ти до 12ти март
Единствениот саем за венчавки во Македонија „Wedding Expo Skopje“ по 11ти пат ќе одржување е од 10ти до 12 март каде над 50тина изложувачи ќе ги претстават модните трендови за 2023. По традиција во петок од 17ч саемот ќе биде отоврен за посетители, а веќе во 20ч ќе се случи големото шоу „Celebrities in wedding dresses“ модната ревија на познатите во венчаници, а шоуто ќе биде збогатено со музички настап на Бојана Скендеровски и сценски танцов настап со аргентинско танго.

Водител и домаќин на шоуто е Ведрана Ѓоргевиќ. Оваа година целото вечерно шоу ќе биде ексклузивно емитувано на Канал5 телевизија во сабота во 21ч. На програмата на саемот за сабота и недела се договорени неколку индивидуални модни ревии и музички перформанси како и едукативно шоу за свадбена шминка и фризура.
Работно време за посетители
Петок 10ти, од 17ч до 22ч
Сабота од 10 до 21ч
Недела од 10 до 20ч
Влезници се купуваат на билетарата во Х. Александар Палас и он лајн на платформата купикартизасе.
Програмата на саемот ќе се состои од модни ревии, музички настапи и промоции.

Коментирај анонимно