Од сега сами ќе си шиете: Кинезите го исмеваат Трамп со AI видео за тарифите, во кое дебели Американци работат во фабрики

Во екот на новата трговска војна меѓу САД и Кина, кинески TikTok корисник објави AI-генерирано видео кое ги прикажува Американците како дебели и исцрпени работници во фабрики, со тажна кинеска музика во позадина. Во видеото, кое брзо стана вирално, се користат стереотипи за американската работна етика и се поигрува со слоганот „Make America Great Again“.

 


Ова доаѓа откако Доналд Трамп објави нов сет тарифи за увоз, што предизвика меѓусебни закани за дополнителни царини меѓу Вашингтон и Пекинг. Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, пак, ја разгори ситуацијата нарекувајќи ја кинеската економија „фундирана од селани“, што предизвика остра реакција од кинеското МНР.

Трамп се закани дека ако Кина не се повлече од својата најнова царинска мерка од 34%, САД ќе воведе нови царини од 50% на кинески производи. Двете земји се закануваат со дополнителни економски санкции, додека на социјалните мрежи беснее „војна од мемиња“ и навреди.

Овој потег од кинеската страна се гледа како симболична понижение, но и како критика на американските напори за враќање на производството, што многумина го сметаат за нереално.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *