Од семејна мака до иновација: Сашо Пандилов за квалитетот на водата во Македонија
Сашо Пандилов е македонски претприемач и инженер со две децении искуство во еколошки технологии, третман на вода и технички консалтинг. Тој е Регионален претставник за Балканот во Nijhuis Saur Industries – глобален лидер во одржливи решенија за прочистување вода и отпадни води. Преку својата работа има реализирано бројни значајни проекти во регионот, особено во индустриите за месо, млеко, текстил и хартија.
Пандилов е ко-основач и на Benten-Pan, компанија специјализирана за филтрациони системи, а паралелно е и автор на „Незапирливи“ – трансформативна платформа за личен и кариерен развој заснована на осум нивоа и инспирирана од реално родителско искуство. Неговата работа е водена од идејата дека чистата вода, личниот раст и свесниот напредок се темели на здрав и одржлив живот.

1/ Вашата компанија започнува од семејна приказна. Како проблемот со камењата во бубрезите ве натера да истражувате што всушност пиеме дома?
Има повеќе од 20 години наназад. Мојот татко веќе имаше тешки здравствени проблеми поврзани со камења во бубрезите. Имаше направено неколку операции за вадење и веќе долги години во бубрезите имаше камења со големина на лешник и орев. Од двата бубрези ефикасноста беше како на еден. Со големи болки и маки се соочуваше многу често и покрај терапиите со бањи и лекарства. Таквата состојбата со камењата веќе траеше повеќе од 25 години, практично од неговата младост. Сета таа мака во семејството ни стави приоритет да бараме решение во квалитетот на водата. Никој порано не се занимавал со тоа дека водата може да биде сериозен фактор за создавањето на камења во бубрег. Дури и во разговори со доктори кои ја пратеа неговата здравствена состојба, ја отфрлаа поврзаноста со водата, едноставно велејќи дека таков е организмот. Кога наполнив околу 25 години, истотака добив напад на бубрег и после испитувањата се воочи дека и кај мене се создава камен во бубрегот кој тргнал да излегува. Со лекарства и терапии го исфрлив каменот, но почнаа оштетувања на мочните патишта, инфекции и други последователни проблеми.
Како млад човек ме загрижи фактот дека можеби е наследна состојбата, но со лекарствата се справував некако. Во 2004-та дојдовме до информација дека постои филтер за прочистување на водата на ниво на планинска свежа вода. Кога почнав да истражувам која е таа технологија, се покажа декаистата е револуционерна технологија која својата комерцијална примена ја добива во 90-тите години од минатиот век. Неколку години подоцна се продава и на нашиот пазар. Нова технологија која ги има пробиено сите достигнувања на дотогашните конвенционални технологии за прочистување на водата и како навлегував подлабоко во темата, откривав дека со неа се прочистуваат толку голем број на штетни материи кои се воочени во водата од чешма што навистина ме загрижи дополнително. Многу од нив беа поврзани и со ракот, високиот притисок и секако со камењата во бубрезите. Не се мислевме го нарачавме и купивме нашиот прв реверзно осмозен систем.
Ефектот се покажа многу брзо, каде на своја кожа ги осетив придобивките од прочистената вода. За неполни 3 месеци, се стабилизира состојбата со мочните канали, а песокот и камен во бубрег од тогаш се само едно болно минато. Во повремени контроли кои ги правам на бубрезите, сега после 20 години пиење реверзно осмозна вода, нема ниту трага од камен во бубрезите.
2/ Кога првпат сфативте дека бистра вода не значи и чиста вода?
Кога првпат ќе ја погледнеме водата и таа е бистра имаме перцепција дека истата би требало и да е чиста. Но искуството и знаењето кое го стекнував во годините занимавајќи се со системи за третман на вода, ми дадоа можност да разберам и подлабоко од визуелната перцепција. Практично во водата има голем бој на растворени материи. Таа е најдобриот растворувач, а и во неа се создал првиот жив организам. Постои голем дел од растворени материи кои и во мали траги се штетни по здравјето на човекот. Затоа веќе само бистра вода за мене не значи и чиста вода. Кога клиенти ќе се обратат кај нас за мислење околу третманот на водата, разговараме доста сериозно на таа тема.
3/ Кои загадувачи најчесто ги среќавате во водата низ Македонија, бигор, кал, тешки метали, бактерии? И има ли големи разлики по региони?
Секој регион си има свои специфики во однос на квалитетот на водата. Генерално водата од јавните водоводи низ државата содржи хлор и хлорни нуспродукти нои не се препорачани да се внесуваат во организмот. Во однос на други недостатоци, се во зависност од структурата на водоводната мрежа, каде заради застареност на цевките може да има метали во водата или дури и азбестни честички кои се дел од азбестни цевки. Во региони каде водата е нискоминерална намален е проблемот со бигорот, но како ризик кој го носи таквата вода се материите кои истата лесно ги раствара од водоводната инсталација. Скопскиот регион се одликува со многу тврда вода и на места каде има градежна активност чести прекини и недостаток на притисок на вода, ова драстично го нарушува квалитетот на водата од чешма.
Во однос на квалитетот бунарските води, воглавно зависи од структурата и составот на почвата. Постојат региони со проблеми поврзани со матност, каллива вода, региони со големо присуство на железо, манган и евентуално мирис на водата. Региони со екстремно тврда вода па и со присуство на отровни материи како Арсен. Од друга страна многу често како проблем е и микробиолошкиот квалитет на бунарските води кој истотака бара посебно внимание.
4/ Постојат ли научни докази дека овие супстанции влијаат врз здравјето?
Секоја од овие материи различно влијае на здравјето на луѓето. Во лабораториските аналази за секој проверен параметар има прикажано и максимална дозволена концентрација на истиот. Доколку во водата одреден параметар ја надминува таа граница, истиот може да предизвика сериозни проблеми.
5/ Колку квалитетот на водата влијае на формирањето камења во бубрезите и што научивте лично од семејната борба со тој проблем?
Високата концентрација на растворени материи во водата се дополнителен товар на нашите бубрези. При нивното функционирање голем дел од тие растворени материи остануваат во каналите на бубрезите каде се таложат и како наталожени го зголемуваат својот волумен. Притоа во сунгерастата структура на бубрезите истите имаат своја позиција но и вршат притисок на ткивото со што можат трајно да го оштетат. На оштетено ткиво бубрегот не е во можност да продолжи со својата функција. Истотака оштетување на бубрезите вршат и тешките метали кои може да ги има во подрачјата со нискоминерална вода, каде водата се дистрибуира низ железни цевки.
Од мое лично искуство, пред да имам достап до филтрирана вода, пиев многу мала количина на вода. Пиев алтернативи на вода како сокови, чаеви, но многу малку вода. Подоцна сватив дека тоа истотака е голем ризик фактор кој им пречи на бубрезите. Всушност сум го довел организмот до хронична дехидрација.
Едноставно организмот реагираше на лошиот мирис (хлор, железо) вкус (тешка вода) и како таква ретко ја бираше како опција. Но со поставување на филтер кој водата ја прави лесна и питка без мирис и вкус, едноставно за кратко време се вратив во нормала да пијам 2-3 литри вода на ден.
6/ Многумина слушнале за реверзна осмоза, но малкумина знаат што прави. Како би му го објасниле процесот на еден современ човек кој нема многу време да слуша технички детали?
Моментално најефикасната технологија која има можност да отстрани најголем спектар на нечистотии е реверзната осмоза. Со самиот тренд на рапидно загадување на човечката околина, не сме во можност да испратиме што се во водата е корисно а што штетно. Од таа причина технологија која има најширок спектар на заштите е добредојдена за 21-век.

7/ Што може да отстрани RO системот што ниту вриењето, ниту бокал-филтрите не можат?
Мембранска технологија која ги концентрира и отстранува растворените материи во водата и како концентрат ги исфрла во одвод, додека на друга страна ослободени водени молекули се испорачуваат како чиста вода за конзумирање. Со ова водата е нискоминерална произведена на самото место на нејзина примена, без употреба на хемикалии. Најголемиот бенефит се слободните молекули на вода во прочистената вода, со други зборови вашата вода станува вода по дефиниција ( без мирис, без вкус, лесна за конзумирање). Со вриењето не се подобрува хемискиот и физичкиот состав на водата, туку напротив станува и полош. Придобивка од вриењето е што се уништуваат одредени бактерии кои неможат да преживеат на високи температури. Кај бокалите пак, обично има мали патрони на филтри кои елиминираат помал спектар на нечистотии и кои истотака имаат помал капацитет..
8/ Вашиот систем BP105M е еден од најбараните. Што го прави различен од „евтините филтри“ што ги гледаме на интернет и зошто сервисирањето е толку критично?
BP105M е наш назив на стандардизиран резерзно осмозен систем кој по таков стандард го испорачуваме веќе 20 години. Истиот има индустриски стандард и нуди компатибилност на кертриџите и деловите од повеќе производители на системи за прочистување на водата. Ова кај нас како компанија нуди можност да им овозможиме на клиентите во секое време достап до променливи филтри, резервни делови и сервис.
Во досегашното работење се покажа дека одредени брендови за третман на вода користат нестандардни модели и подоцна има проблем со снабдување со потрошни материјали и резервни делови. Во однос на сервисирањето, навистина е клучно и критично од аспект што при ангажирање на професионалци при сервис и одржување на системот имате можност за консултација по основ на правилно ракување и навремено воочување на некои проблеми.
9/ Која вода ја пиете вие дома и зошто?
И дома и на работа пиеме вода од реверзно осмозен систем BP105М, согласно моето широко и длабоко познавање со третманот на вода тоа е најсоодветниот сега достапен уред кој ги задоволува нашите потреби а не го оптеретува значително нашиот буџет.
10/ И што би му препорачале на семејство што се сомнева во квалитетот на водата дома, но не знае од каде да започне?
Доколку се снабдува со вода од јавен водовод, нека не чека нека се обрати кај нас и нека поразговара кој систем е најсоодветен за нивната примена. Водата за пиење да се третира посебно од водата на главен довод. Прв приоритет е да се среди водата за пиење, а подоцна ако има услови и за водата на главниот довод.
За клиенти со бунарски води, направете анализа на водата и стапете во контакт со нас.

Коментирај анонимно