Од столар до кралот на играчките: Еве како беа создадени најпопуларните играчки во светот, ЛЕГО

Секоја компанија си има свој почеток. Понекогаш почетната дејност драстично се разликува од она што ќе се случува понатаму. Во 1958 година на денешен ден била патентирана првата ЛЕГО коцка. Од тогаш компанијата „Лего“ произведе 500 милијарди лего елементи, во износ од 10 лего-кули од Земјата до Месечината. Сепак оваа приказна имаше сосема различен почеток.

Како еден столар поради криза дојде до креативна идеја

Лего групацијата започна во работилницата за столарија на Оле Кирк Кристијансен во Билунд, Данска. Во 1916 година, Кристијансен купи продавница за обработка на дрво во Билунд, која работела од 1895 година. Работилницата служела за изградба на куќи и мебел и имала мал персонал од чираци. Работилницата изгорела до темел во 1924 година, кога се запалиле неколку струготини.

Оле Кирк изградил поголема работилница и работел на проширување на својот бизнис уште повеќе. Кога се појавила Големата депресија, Оле Кирк имал помалку клиенти и морал да се фокусира на помали проекти. Тој започнал да произведува минијатурни верзии на неговите производи како помагала за дизајн. Токму овие минијатурни модели го инспирирале да започне да прави играчки.

На 10 август 1932 година, работилницата на Оле почнала да прави дрвени играчки на влечење, камиони, автомобили и куќички. Но, поради Големата депресија немал доволно пари. Понекогаш земјоделци разменувале со него храна за неговите играчки. Во 1930-тите имал мал успех со појавата на Јо-јо играчката, но потоа работите стивнале. Неговиот син Годтфред започнал да работи за него, преземајќи активна улога во компанијата.

Како фирмата го добила своето оригинално име

Во 1934 година, Оле Кирк одржал натпревар меѓу вработените за да ја именува компанијата, нудејќи шише домашно вино како награда. Кристијансен размислувал за две имиња, „Легио“ (со импликација на „Легија на играчки “) и „Лего“, само-направена контракција од данската фраза „leg godt“, што значи играј се добро.

Подоцна Лего групацијата откри дека „Лего“ може лабаво да се протолкува како „составувам“ или „јас сложувам“ на латински јазик. Оле Кирк го избра Лего, а компанијата започна да го користи на своите производи.

Од дрво на пластика

По Втората светска војна, пластиката стана достапна во Данска, а Лего купи машина за обликување со пластично вбризгување во 1947 год. Во 1947 година, Оле Кирк и Годфред добија примероци на испреплетени пластични тули произведени од компанијата Кидикрафт.

Тие ги усовршиле тулите и направиле свои. Лего тули, тогаш произведени од целулозен ацетат, биле развиени во духот на традиционалните дрвени блокови што можеле да се ставаат едни на други, но можат да бидат „заклучени“ заедно. Тие имаа неколку округли „столпчиња“ одозгора и шупливо правоаголно дно. Тие се држеле заедно, но не толку цврсто за да не можат да се разделат.

Во 1958 година тулите биле подобрени со шупливи цевки во долната страна на тулите. Оваа промена на поддршка во основата, овозможила многу подобра способност за заклучување и подобрена разновидност. Компанијата го патентирала новиот дизајн, како и неколку слични дизајни за да избегне конкуренција. Оле Кирк Кристијансен починал истата година, а Годтфред го наследил раководството на компанијата.