Од стриптизета до се*с симбол: Црвениот костим за капење ѝ го обезбеди статусот на ѕвезда, а на 50-годишна возраст сѐ уште привлекува воздишки

Американската актерка и поранешна Плејбој зајачица Кармен Електра во 90-тите години ја заслужи ласкавата титула на се*с симбол, која оправдано ја носи и денес.

Кармен деновиве полни 50 години, а со својот изглед и понатаму предизвикува воодушевување каде и да се појави, додека нејзините над 1,3 милиони следбеници на Инстаграм под секоја нова фотографија опсипуваа комплименти со комплименти за нејзиниот младешки изглед и заносната фигура.

Така за Велигден ги почести со фотографија на која позира во секси костим за зајаче, во која целосно ги полуде обожавателите.

Кармен својата кариера најмногу му ја должи на легендарниот музичар Принц. Кога го запознала, работела како стриптизета, а тој ѝ помогнал да го издаде својот прв сингл, кој и послужил како одлична отскочна даска на нејзиниот пат кон Холивуд. Таа веднаш зад себе ја остави пејачката кариера и се посвети на актерството.

Во серијата „Спасувачка служба“ првпат се појавила во далечната 1997 година, кога имала 22 години, а улогата на заносната спасителка Лана Мекензи и го обезбедила статусот на ѕвезда.

Истата година, кога почна да глуми во „Спасувачка служба“, Кармен позираше за Плејбој, а во текот на кариерата уште неколку пати ги красеше насловните страници и страниците на познатиот магазин.

Од деведесетите, таа има остварено многу незаборавни улоги во филмови. Познатата убавица привлече внимание и со бурниот љубовен живот. Нејзиниот најпознат поранешен партнер е кошаркарска легенда Денис Родман со кој беше во брак цели девет дена, во 1998 година.

Таа потоа се омажи за гитаристот Дејв Наваро во 2003 година, а венчавката беше овековечена во реалното шоу на MTV. Бракот траеше три години, а парот по разводот остана во одлични односи. Во април 2008 година, нејзините портпароли потврдија дека таа е свршена со Роб Патерсон, член на метал групата Отеп. Тие беа заедно неколку години, но во 2012 година раскинаа. За нејзиниот љубовен живот денес не се знае ништо, па таа наводно е слободна.