Од улица на холивудска сцена: Бездомник се „каталпутираше“ во музичката индурстија откако минувач го снимаше како пее своја оригинална песна

Ендрју „Кронав“ Ларсен ги преплави социјалните мрежи откако видео од него снимено пред извесно време од странец стана вирално. Ларсен седел надвор од бензинската пумпа со својата гитара кога побарал некој да му купи пиво во замена да свири оригинална песна. Песната го воодушеви минувачот и така од тој момент животот на Ларсен брзо се менува.

 

@donut.larsen Thank you for all the support. Like and follow and I will keep posting more. 💚🍩 #music #blues #thankyou #FYP ♬ original sound – Dönut Larsen

Песната „Ghost of You“, оригиналната песна на Ларсен, почна да се наоѓа на топ листите веднаш штом ја објави. За кратко време, од бездомник бил однесен во Лос Анџелес и Нешвил за да се сретне со директори на продукциски куќи. Иако останува нејасно дали Ларсен потпишал договор за снимање, тој го снимил синглот кој го привлече вниманието на сите во професионално студио за снимање.

 

Ѕвездата во подем, исто така, повеќе не е целосно бездомник бидејќи живее во Airbnbs преку донации на луѓе од неговиот профил на социјалните мрежи.

„Ghost of You“ звучи како мешавина од блуз и класична кантри музика, но неверојатните тонови и гласот на Ларсен се тие што навистина ги доловуваат емоциите зад стиховите.

  • Васе напиша:

    Еден бездомник мање! Шо прајме со другите?
    Јас да сум на нивно место, по видеово, правец у музички дуќан и би купил инструмент (било кој, па и дудук)!

  • qqq напиша:

    ne lici deka e bezdomnik… ne sobira pari, pakla pivo do nego… marketinski trik na produkciskite kukji…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *