Одбојка на плажа: Шпанија – Египет. За која репрезентација навивате?

Натпреварот во одбојка на плажа меѓу Шпанија и Египет за време на Олимписките игри во Париз предизвика многу дискусии на социјалните мрежи. Натпреварот кој беше дел од последното коло од групната фаза требаше да одреди кој ќе се пласира во четврт-финалето на турнирот.

Сепак, не се работеше за спортските перформанси на тимовите, туку дискусијата главно се вртеше околу разликата во облеката на одбојкарките. Додека Шпанките Лилијана Фернандез и Пола Сорија Гутиерез играа во стандардни бикини, египетските одбојкарки носеа хиџаб, долги црни кошули со долги ракави и црни хеланки до глуждовите.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *