„Одеднаш добив 143.000 евра на мојата сметка, по грешка. Дел од нив потрошив, но другиот дел нема ништо да ме натера да им ги вратам“
Човек кому случајно му биле уплатени 143.000 евра на неговата банкарска сметка, е затворен откако одбил да врати дел од готовината.
Индиецот кој живее во Дубаи бил ставен зад решетки еден месец откако властите не успеале да ги лоцираат исчезнатите пари.

Готовината била ставена на неговата сметка во октомври 2021 година, откако една медицинска трговска компанија сакала наместо кај него да ги испрати парите на клиент, откриваат судските извештаи.
Неидентификуваниот маж му рекол на судијата дека ја искористил готовината за да плати кирија и сметки, но остатокот од парите сега недостасува.
Не било откриено дали обвинетиот ги депонирал парите на друго место или ги префрлил на повеќе сметки.
Тој потврди дека ги добил парите, но не потврди од каде дошле парите.
Според судските извештаи, тој му рекол на судијата: „Бев изненаден кога на мојата банкарска сметка беа депонирани толку пари. Ги платив киријата и трошоците“.
Откако тој одбил да врати дел од парите, компанијата го пријавила инцидентот во полициската станица Ал Рафа во Дубаи и банкарската сметка била замрзната.

Компанијата му кажала на судијата: „Откривме дека трансферот е направен на сметка слична на сметката на добавувачот без да ги провериме деталите“.
Обвинетиот возврати велејќи: „Една фирма побара од мене да ги вратам парите, но јас одбив бидејќи не бев сигурен дали парите се нивни. Ме прашаа неколку пати“.
Јавното обвинителство во Дубаи го обвини за незаконско раководење со парите.
Тој сега поднел жалба на пресудата и се очекува рочиште следниот месец.

Коментирај анонимно