Одлучен наставник го заврши Лондонскиот маратон со скокање на својот задник откако ја скрши ногата на само 850 метри од целта

Наставникот, Адам Канингам, од Девон не се откажа и го вложи своето срце и пот да го заврши лондонскиот маратон макар и на својот задник и со скршена нога. Опкружен со маршали кои го штитеа од другите тркачи и со толпата која го бодреше тој го заврши маратонот скокајки на задникот.

 

„Трчав и чувствував дека е навистина добра трката, бев навистина задоволен и на 850 метри до крајот, нозете ми се чувствуваа многу тешки и стегнати и паднав на колената. Болничарите дојдоа до мене и сакаа да престанам, но јас не го сторив тоа. Толпата беше со мене до крајот на патот – никогаш не сум почувствувал такво чувство. Имав толку среќа што маршалите ми помогнаа и ми дозволија да поминам на страната на патот, каде потоа продолжив на задникот“

 

Адам се трчаше за поддршка за The British Heart Foundation и успеа да ја надмине својата цел за собирање средства од 2.000 фунти (2333 евра). Тој рече дека е презадоволен од поддршката што ја добил и од студентите и од вработените.

Тој рече: „Училишната заедница беше феноменална, многу донации од персоналот, родителите и децата, тоа е апсолутно феноменално“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *