Официјално докажано: Вештачката интелигенција нѐ прави се поглупави и поглупави

Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) го трансформира технолошкиот пејзаж, но ново истражување на Масачусетскиот технолошки институт (MIT) укажува на потенцијални ризици за когнитивните функции од редовна употреба на алатки како ChatGPT.

Во експериментот учествувале 54 лица на возраст од 18 до 39 години, поделени во три групи: едната решавала задачи без технологија, другата со помош на интернет пребарувач, а третата користела големи јазични модели (LLM), вклучувајќи ChatGPT. По пишување есеи, била анализирана мозочната активност со EEG.

 

Официјално докажано: Вештачката интелигенција не прави се поглупави и поглупави

Што ова му прави на мозокот во развој?

Најголема невронска активност била забележана кај учесниците што не користеле технологии. Модератна активност имале корисниците на пребарувачи, додека најниска мозочна ангажираност е откриена кај оние што користеле ВИ. Дополнително, оваа група покажала потешкотии во оригинално размислување и потсетување на сопствени идеи.

Научниците предупредуваат на особено негативно влијание врз децата и младите, чии мозоци сè уште се развиваат. Широкото користење на ВИ во образованието може да го ослаби развојот на самостојно учење.

Што ова му прави на мозокот во развој?

Иако студијата е сè уште непроверена од рецензенти и вклучува мал број учесници, авторите сметаат дека е важно да се разгледа во контекст на брзата експанзија на вештачката интелигенција.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *