„Огнен“ спор околу паркинг за малку ќе завршел фатално за тројца тинејџери

Маж од Флорида, САД, е уапсен откако наводно користел фрлач на пламен за да реши спор за паркинг.

Според судските записи, Андре Абрамс (57) е обвинет дека вперил фрлач на пламен кон автомобил со тројца тинејџери внатре и се соочува со три точки од обвинение за тешко кривично дело напад со смртоносно оружје без намера да убие.

За среќа никој не бил повреден за време на инцидентот.

Ешли Гејни, мајка на еден од тинејџерите во автомобилот, рече дека пламенофрлачот на Абрамс бил алат што често се користи во нивната област.

Наводно, фрлачот на пламен е XM42 Lite Flamethrower и може да фрла пламен до 6 метри.

Абрамс призна дека инцидентот се случил по долг спор за паркирање.

Амари Синглтон, возачот на автомобилот кон кој Абрамс наводно го вперил пламенофрлачот, успеал да побегне од огнот.

Истрагата за случајот е во тек.