Огромна дупка во Кина проголта 21 автомобил само за еден миг

Застрашувачки снимки се појавија од јужниот дел на Кина од огромна дупка која се отвори покрај автопатот. Снимките на очевидци, направени во Јибин, провинцијата Сечуан, го покажуваат ненадејниот колапс на приближно 500 метри квадратни од паркингот, при што 21 паркиран автомобил е проголтан од дупката заедно со неколку дрвја. За среќа, властите оттогаш потврдија дека никој не е повреден за време на инцидентот. Властите, наводно, сега ќе спроведат дополнителни истраги за точната причина за појава на дупката.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!