Огромна многу отровна морска змија видена на плажа ги застрашува туристите
Ова е само потсетување дека ако случајно видите морска змија на некоја плажа во Австралија треба веднаш да се јавите на локален спасувачки тим.

Така луѓето на плажата Sunshine Beach во Австралија наидоа на оваа огромна морска змија. Ако оваа морска змија дојде на брегот на плажата, тоа обично значи дека не е добро или повредена и дека и треба помош.
Морската змија, која се проценува дека е стара најмалку 10 години, била стандардна големина за својот вид, тежела помеѓу четири и седум килограми и била нешто повеќе од три метри во должина.
Sunshine Coast Snake Catchers 24/7 во Австралија предупредува:
„НЕ обидувајте се да ја земете морската змија и да ја вратите во океанот. Морските змии се многу отровни и со нив треба да ракуваат само професионалци. Веднаш јавете се на нашата служба и држете растојание од змијата!“
За жал оваа змија имала голема повреда на страната како нешто да ја гризнало и не успеала да преживее.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно