Ох, демократијо: Погледнете за што треба да плати казна оваа жена во Австралија

Млада жена од Мелбурн предизвика жестоки реакции на интернет откако се пожали дека ѝ била изречена казна од 100 долари поради тоа што не гласала на локалните избори.

Во видео таа фрустрирано објаснува дека не знаела дека е задолжително да се гласа и на локално ниво.
„Тукушто добив казна затоа што не сум гласала на избори на кои, изгледа, сум морала да гласам. Станува збор за изборите за Градскиот совет на Мелбурн 2024. Извинете, ама од кога е тоа задолжително? Знам дека гласањето е привилегија, не ми е тоа проблемот“, објаснува таа.

 

Тврди дека отсекогаш гласала на државни и федерални избори, но никогаш не добила известување или гласачки материјал за локалните.

„Никогаш не сум гласала на локални избори. Ниту сум слушнала нешто за нив. Првпат слушам за ова кога добив казна по пошта. Наводно не сум одговорила на претходно известување дека не сум гласала, но ниту едно такво писмо не ми стигна.“
Додаде дека е бесна бидејќи сега мора да плати казна од 99 долари, без да има можност да реагира претходно.

 


Нејзиното видео предизвика поделени мислења — дел од коментарите ја обвинија дека сама е виновна и дека треба да ја прифати одговорноста. Некои ѝ порачаа: „Признај грешка и избриши го видеото“. Други, пак, ја поддржаа, велејќи дека ако навистина не ѝ стигнал гласачкиот пакет, има право да се жали.
Во Викторија, локалните избори се спроведуваат целосно по пошта, а гласањето е задолжително на сите нивоа — локално, државно и федерално.

Според податоците, на изборите за Градот Мелбурн оваа година гласале само 67,7% од запишаните избирачи, додека на последните федерални избори во истиот регион, излезноста била над 88%.

 

 

  • Васе напиша:

    РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
    Државна Изборна Комисија
    Парламентарни избори прегласување – 22.05.2024

    Вкупен број на избирачи во избирачкиот список = 1.815.350
    Вкупен број на избирачи кои гласале = 1.006.436
    Вкупен број на избирачи кои НЕ гласале = 808.914 (44,55%)

    Ова треба да се воведе и кај нас!!!

    • ? напиша:

      Mislish MK da stane dictatorska drzhava? Pochekaj malku koga MK ke vleze vo EU. A do togash, sekoj ima pravo za svoi odluka. Slobodna volja. Shto ima narodot od gladsnjeto, da izbere koj da krade i bega so ukradenoto?

    • Scourge напиша:

      И за кого да се гласа? Демоктрати и Републиканци лајт, криминалните банди или алчните независни што партал го прават скопје? Или па соросоидните комуњари ала шарена револуција 2? Тука владеат фирми и странски интереси. Исто и по цел свет.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *