X

„Ох, вие сте дадилката?“: Приказна за една црнкиња која посвои 3 бели деца и докажа дека љубовта не разликува бои

Во свет во кој има цело време тага и неправда, потребни се добри вести колку што е можно побрзо, за да не заборавиме дека добрината сѐ уште постои. За жал, голем дел од лошите работи што нè опкружуваат се расизмот и нетолеранцијата.

Затоа би сакале да ве запознаеме со Трека Енглеман, жената која рече: „Љубовта е љубов, без оглед на бојата“ и со нејзината неверојатна приказна!

Трека отсекогаш сакала да биде згрижувачка мајка

Трека мислела дека знае да се грижи за децата, затоа што секогаш имала големо искуство благодарение на детството и работењето во социјално за грижата за децата. Но, не била свесна дека 3 деца ќе го променат целиот нејзин живот. Таа не мислела дека ќе посвои дете затоа што била без партнер и немала свои деца. Сепак, таа направила некои истражувања и се покажа дека таа всушност може да стане згрижувачки родител, сè додека е над 21-годишна возраст. Така, по еден период на размислување и планирање и разговор со семејството, таа конечно одлучила да се обиде да го направи тоа.

Процесот на посвојување се покажал како тешко и долго искуство за неа

Во август 2016 година, таа го контактирала сиропиталиштето „Свети Јосиф“ каде што првин била на неколку часови и слушнала животни приказни за децата и вели дека ова разбидило многу емоции во неа и сакала да ги посвои сите. Додека нејзините часови беа при крај, таа мораше да размислува за полот, расата и возраста на децата. На неа ѝ било сеедно дали децата ќе се бели или пак црни.

Откако добила одобрување, таа започнала да работи на остварување на својот сон

Од домот ѝ кажале дека во секој момент може да добие повик од нив за да ѝ кажат дека имаат дете на кое му треба дом и дека таа треба да одобри дали ќе го прифати. Еден ден ѝ се јавиле и ѝ кажале дека имаат момче старо 5 дена на кое му треба дом и таа без размислување прифатила. На 8 декември, Илија Ли Хил дошол во нејзиниот дом и тој станал нејзиното прво дете!

Следната година, на 10.05.2017 година, Трека добила повик за сместување на 2 сестри и секако, рекла да. Подоцна истиот ден, дошла една од сестрите Алексис Бауман. Трека дознала дека нејзината сестра, Мерцедес, направила проблеми и завршила во групна куќа. Затоа Трека и Алексис ја посетувале за време на викендите.

Наредната година откако Трека пронашла поголем стан со 3 спални соби им се придружила и Мерцедес. Така 30-годишната Трека станала мајка на 3 деца.

Откако успешно станала згрижувачка мајка, таа и нејзините деца доживеале пречки

Таа не гледала боја, видела деца на кои им треба семејство и некој да ги сака, и таа била подготвена да им го обезбеди сето тоа и повеќе. Таа вели дека луѓето понекогаш ја гледале чудно и ја прашувале: „Ох вие сте дадилката?“, но, таа гордо им одговарала: „Не тоа се мои деца!“. Трека вели дека за неа не се тоа посвоени деца, туку само нејзини деца.

Од згрижувачко семејство до „целосно нејзини“ деца

По некое време Трека ги прашала децата дали сакаат да бидат посвоени и тие без размислување кажале ДА! Така по долга процедура и документација тие станале вистинско семејство и не се плашат дека некогаш ќе бидат разделени.