Охриѓанецот со светска слава, виолинистот Петар Маркоски, во најново видео „I will survive“ со преубавата Бенедета Карета

Петар Маркоски од охрид е вљубеник во музиката. Снима забавни видеа на разни локации додека свири познати музички дела и тие станаа хит на Инстаграм. Тој уште од 7 години се заљубил во свирењето на виолина и во текот на неговото школување се има здобиено со 5 награди на државно ниво во категорија соло, дует и трио виолина.

Овој пат во неговото најново видео објавено пред некој ден тој е во друштво со Бенедета Карета. Мистеориозната и провокативната „сињорита“. Преубавата и талентирана италијанка има 26 години и позната е по видеата со Јелена Розга, Стјепан Хаусер од 2 Cellos и тоа што на нив покажува само дел од нејзиното лице.

Уживајте во оваа изведба на „I will survive“!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *