Околу 2.500 семејства живеат на отворено, на сред поле во Аргентина

Околу 2.500 семејства живеат на отворено или во импровизирани шатори во Аргентина, пркосејќи им на правдата и на коронавирусот. Повеќе од еден месец тие ги окупираа полињата во близина на градот Герника, во околината на Буенос Аирес.

Луѓето се населиле на 100 хектари земја, на ниви кои отсекогаш биле нивни, но не можат да ги докажат своите права на тоа. Барем никој од оние што тврдат дека тоа е нивен имот не успеале да ја докажат својата сопственост пред судот. Сепак, адвокатите сметаат дека ако земјиштето нема сопственик, тогаш нема узурпација и кршење на законот.