Окуношима: Јапонскиот остров каде што зајчињата се кралеви
Окуношима, попозната како Островот на зајчињата, е неодоливо мало место во Јапонија каде што слатките диви зајачиња го освоиле целото внимание. Иако денес изгледа како бајковит свет исполнет со плишани скокулчиња, зад оваа идилична глетка се крие и едно многу потемно минато.
Рај за зајчиња – денешниот лик на островот
Сместен во Источното Море, Окуношима е мал остров што стана светски познат благодарение на стотици пријателски и слободно-скитачки зајчиња. Тие се вистинските газди тука – трчаат низ шумите, ѕиркаат од грмушки, скокаат по туристите и се фоткаат за милиони лајкови на интернет.
Туристичка атракција каква што нема на друго место
Секој ден пристигнуваат посетители од целиот свет, само за да ги хранaт, галат и да се дружат со овие преслатки жители. Може да се прошеташ по островот со пакетче храна, и за неколку минути ќе си опколен со мали, нежни и радосни зајчиња – искуство што се памети цел живот.
Мистеријата зад доаѓањето на зајчињата
Иако денес изгледа како рај, потеклото на зајчињата останува малку нејасно. Некои велат дека се потомци на експериментални зајаци од времето кога островот бил користен за тајни воени цели. Други тврдат дека ги донеле училишта како дел од ученички проекти, па потоа ги пуштиле на слобода. Како и да е – тие се тука, и царуваат.
Која е тајната на огромната бројка на зајаци…
Должината на бременоста кај зајачицата е 31 ден, по што истата може да роди од 1 до 12 млади секој пат кога ќе се породи. Таа може повторно да забремени во рок од неколку дена по породувањето.
Сигурно со слатките зајаци (Душко Долгоушко) позади сцената се случуваат работи кои туристите не ги гледаат!
Коментирај анонимно