„Олд Трафорд“ ќе добие нов лик: Еве како вештачката интелигенција го замислува стадионот на „Црвените ѓаволи“ којшто ќе собира над 100.000 гледачи
„Манчестер Јунајтед“ ги откри своите планови за реконструкција на стадионот „Олд Трафорд“.
И тоа може да значи нов стадион со 100.000 седишта за навивачите на „црвените ѓаволи“ – кои го повикуваа директоратот на клубот за реновирање на стадионот. Од покривите кои протекуваат до немањето доволно седишта за Европското првенство 2028, хаосот на стадионот беше неизбежен.
Сепак, Сер Џим Ретклиф има големи планови за локацијата и тој има за цел да изгради нов терен на земјиштето во непосредна близина на „Олд Трафорд“, при што градоначалникот Енди Барнам го означи како еден од „најголемите напори за регенерација на објект досега“.
Како ќе изгледа стадионот во иднина може да се предвиди со новите слики со вештачка интелигенција – кои нудат поглед во не толку далечната иднина за навивачите на Јунајтед.
Цената на проектот се очекува да биде неверојатни 3 милијарди долари, а околината ќе се трансформира во комерцијален центар наречен „Трафорд Парк“ – кој може да испорача дополнителни 10 милијарди долари годишно на економијата на Обединетото Кралство.
Првичните проценки на „Oxford Economics“ сугерираат дека проектот ќе опфати отворање на 92.000 нови работни места, повеќе од 17.000 нови домови, како и привлекување на дополнителни 1,8 милиони посетители годишно.
„Фостер и Партнерите“, кои се водечки архитекти, ги обликуваа предлозите за „како најдобро да се искористи земјиштето околу стадионот за да се регенерира областа во моќен двигател на одржлив раст фокусиран околу спортски, станбени, забавни, деловни и образовни кампуси“.
Иако Ратклиф првично навести дека може да побара владина помош за да го финансира проектот, користењето народни пари се отфрли од градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам.
Коментирај анонимно