Олимпијадата во Токио со строги правила, олимпијците се „ограбени“ од најубавиот момент од целото искуство

Ден пред официјалниот почеток на Олимписките игри, во Токио беа регистрирани речиси 2.000 нови случаи на КОВИД-19, што е најголема дневна бројка од 15 јануари, а десетина олимпијци веќе го откажаа настапот поради позитивен тест.

Организаторите решија дека ќе нема гледачи, ни странски, ни домашни, што пак ќе доведе до депресивна атмосфера за натпреварувачите кои сигурно овие Олимписки игри ќе ги паметат како „најтажни“ во историјата.

Исто така, организаторите се погрижија контактот помеѓу олимпијците надвор од терените да биде минимален. На пиедесталот, тие сами ќе си ги ставаат медалите околу врат и забрането им е да се гушкаат и поздравуваат, на овој начин спортистите ќе бидат „ограбени“ од она што можеме да кажеме дека е најсреќниот момент за еден олимпиец. Тие исто така ќе мора нивните победи да ги прославуваат сами во своите соби.