Олимписката спортистка е принудена да бара азил бидејќи се соочува со „казна“ кога се врати дома

Белоруската атлетичарка, Кристина Циманоскаја беше принудена да побара азил откако рече дека ќе се соочи со „казна“ доколку се врати дома во Минск.

Спринтерката имаше јавна расправија со официјалните претставници на нејзината репрезентација, поради критиките упатени кон тренерскиот штаб преку социјалните медиуми. Видеото во кое спринтерката ги обвинува своите тренери за „негрижа“ предизвика огромни реакции кај медиумите во Минск.

Циманоскаја напиша на Инстаграм дека нејзините тренери ја ставиле во штафетата 4 × 400 метри и покрај тоа што никогаш претходно не се тркала на овој настан. Таа, исто така, тврди дека нејзините тренери не ги направиле потребните тестови за дрога на нејзините колеги спортисти.

Таа потоа беше отстранета од трката на 200 метри и рече дека службениците „се обиделе да ја принудат“ да лета назад порано.

Циманоскаја поднесе барање до Судот за спортска арбитража да ѝ биде дозволено да учествува во трката, но ја загуби правната битка.

24-годишната спортистка одби да се качи на авионот и помина една ноќ во хотел на аеродром. Следното утро, таа отиде во полската амбасада во Токио и аплицираше за виза.

Циманоскаја во видеото објавено на социјалните медиуми сподели дека чувствува притисок од претставници на тимот на Белорусија, и побара помош од Меѓународниот олимписки комитет. Таа рече: „Бев под притисок и тие се обидуваат насилно да ме однесат надвор од земјата без моја согласност“.

Белоруската спортистка подоцна доби виза од Полска и оваа недела ќе лета за Варшава.

Сопругот на Циманоскаја, Арсениј Зданевич, побегна во Украина. Тој изјави: „Не мислев дека ќе биде толку сериозно. Донесов одлука да заминам без да размилам двапати“.

Циманоскаја побара меѓународните спортски власти да започнат истрага за да откријат кој дал наредба таа да биде повлечена трката.

Шефот на белоруската делегација на Олимписките игрите, Дмитриј Духалионак рече дека „нема зборови“ и одби да коментира.

Олимпискиот комитет на Белорусија на Фејсбук објави дека спортистката била отстранета од Игрите поради „емоционалната и психолошката состојба“.